Останаа изненадени! Во станот пронашле лажен штекер, а потоа откриле што всушност се крие зад него

Решиле да погледнат што има зад лажниот штекер за да видат во што е проблемот, а она што го откриле зад него ги изненадило

Јуан Рајт шест недели живеел во нов стан во шкотскиот град Стирлинг кога сфатил дека еден од штекерите не работи. Тој и негов близок пријател решиле да погледнат зад лажниот штекер за да видат во што е проблемот, а она што го откриле зад него ги изненадило и двајцата.

Кога ја отстраниле пластичната заштита, сфатиле дека никаде нема кабли за струја, но нашле мал сеф.

Во сефот пронашле стара банкарска картичка, која истекла во 2006 година, но и сметка од сефот кога бил купен. 

„Повеќето луѓе добиваат доживотен долг со купување куќа, но добивме интересна приказна и хит на Редит“, рече Јуан.

***Написот првично беше објавен во јуни 2017 година.


Фото: Редит