Отишол на ергенска забава во Ибица, се разбудил во авион: Патниците го нашле во делот за багаж, не се знае кој бил во поголем шок

Во текот на еден лет се случило вистинско изненадување. 

Патниците пронашле маж во купето над седиштето на авионот. Како што се испоставило подоцна, претходната вечер бил на ергенска забава, па завршил на ова место. Изгледа навистина се славело.

Еден од патниците објави видео од изненадувањето на „ТикТок“ во кое детално објаснува дека мажот бил на ергенска забава во клуб во Ибица. Тој откри и дека 40 мажи ја продолжиле забавата во задниот дел на авионот, а пред слетувањето во купето го ставиле својот пријател, кој го разбудиле останатите патници. Се претпоставува дека тоа било неговото прво „вистинско“ будење по бурната забава. Не се знае кој бил во поголем шок, тој или луѓето околу него.

„Честитки за ова, но мислам дека сепак е подобро да ја прескокнете Ибица“, шеговито коментираат за TikTok, пишува „Њујорк пост“.

Едно е сигурно, човекот од хит-видеото добро ќе го памети необичниот лет, или нема да го памти воопшто ...

@domdolla Lads lads lads #stagdo @Ryanair Eat Your Man with Nelly Furtado - Dom Dolla



Foto: TikTok / screenshot