Отишол на лекар поради страшни болки: Она што му го извадиле од стомак уште било живо, лекарите останале без зборови од шокот (ВИДЕО)

Во светот има многу бизарни случаи за кои безброј пати е поставено прашањето - како е тоа можно, но случајот со маж од Виетнам изгледа е еден од најчудните досега.

Се започнало од 34-годишен маж кој се пожалил на болки, поради што отишол на лекар. Тој бил примен во болница во провинцијата Куанг Нин во Виетнам со силни грчеви, а рендгенот и ултразвукот покажале дека има туѓо тело во стомакот.

Иако не било јасно за што станува збор, било јасно дека случајот е сериозен со оглед дека нешто предизвикало цревна перфорација и перитонитис, кога внатрешниот ѕид на желудникот станува отечен и болен.

Одлучено е итно да се оперира, но хирурзите ни во своите најлуди соништа не можеле да замислат што ќе видат во неговата утроба. Од стомакот е извлечена јагула долга 30 сантиметри.

Најбизарното од се било тоа што јагулата сè уште била жива. Мажот подоцна одбил да објасни како јагулата влегла во него, но лекарите веруваат дека таа влегла во неговиот ректум, се лизнала низ дебелото црево, му ги изглодала цревата и му влегла во стомакот.

Тие рекоа дека биле зачудени што јагулата била сè уште жива кога ја отстраниле.


Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: kurir.rs