Откако беше поразен во „случајот на векот“: Џони Деп го изгуби угледот, но и битна улога
Откако цел свет зборуваше за судскиот спор со сопругата, кој го изгуби Џони Деп, следува нов скандал, како последица на тоа што актерот сега е прогласен за семеен насилник.
Имено актерот Џони Деп изјави дека нема да игра во филмот „Фантастични ѕверови“, откако изгуби судски спор против британскиот таблоид „Сан“, кој го нарече „човек што тепа жени“.
Односно, Џони својата поранешна жена Амбер Херд и британскиот весник „The Sun“ ги тужеше за клевета, но Амбер на судот сведочела и посочила дека за време на нивната турбулентна врска и брак, актерот ја удрил 14 пати, а по 16 - дневното сослушување актерот го изгуби случајот.Откако го изгуби „случајот на векот“, Врховниот суд во Лондон донесе пресуда дека холивудската ѕвезда Џони Деп е „семеен насилник“, сега актерот, покрај угледот изгуби и важна улога.
Деп објасни на Инстаграм дека студиото Ворнер Брос го замолило да се откаже од улогата на негативецот Гелерт Гриндевалд во спин-офот на франшизата „Хари Потер“.
Warner Bros објави дека улогата ќе му биде доделена на друг актер.
Во најавата се посочува дека снимањето на филмот продолжило и дека се очекува да пристигне во киносалите во 2022 година.