Откако ќе дознаете за што служат кесичките чај, нема ни да помислите да ги фрлите
Знаеме колку е чајот лековит, но кесичките освен што се добри за здравјето, се користат и за нешто друго. Тие можат да бидат од голема корист во сосема неочекувани ситуации во домаќинството, особено ако имате градина со цвеќиња пред куќата.
Еве зошто:
1. Хранливи материи од кесички чај ја хранат почвата: Остатоците од кесичките содржат танинска киселина и други хранливи материи кои ја оплодуваат почвата. Како што кесите се распаѓаат, тие ја хранат почвата, што создава совршени услови за растење на цвеќињата и растенијата, пренесува Diyeverywhere.
2. Ќесичките се распаѓаат во почвата: Дали знаевте дека повеќето кесички чај се направени од материјал добиен од листови од банана? Благодарение на овој природен материјал, кесите ќе се распаднат во земјата за само 6 месеци.
3. Ќесичките со чај ги истеруваат штетниците од градината бидејќи не можат да го поднесат мирисот.
4. Градина со кесички чај: Можете да создадете своја градина од обична кесичка чај што ќе ја завиткате во влажна крпа и ќе ја засадите во пластичен сад со земја.
5. Безбеден извор на вода: Закопајте кесички чај во близина на корените на вашите растенија за да обезбедите дополнителен извор на влага за време на сушните периоди.
Сега кога го знаете сето ова, ќе ги фрлите ли кесичките чај?
Фото: unsplash