Отказ за оние кои имаат љубовници: Деловната политика на кинеска компанија предизвика бура на социјалните мрежи

Компанија од кинеската провинција Жеџијанг почна да спроведува правила кои навлегуваат во приватниот живот на работниците.

Секоја организација или компанија има свои правила и се е во ред доколку тие се однесуваат на однесувањето на вработените во текот на работното време и не се занимаваат со нивниот приватен живот.

Сепак, една компанија од кинеската провинција Жеџијанг воведе необични правила, пренесува Times Now News.

Од компанијата ги известиле вработените дека доколку се разведат или имаат вонбрачна врска, ќе добијат отказ. Компанијата тврди дека ги промовира вистинските вредности, корпоративна култура на семејна лојалност и љубов меѓу мажот и жената.

Во официјалното соопштение меѓу другото се вели:

- Се надеваме дека вработените имаат правилни љубовни вредности и немаат недозволени врски или љубовници.

Лидерите на компаниите нагласуваат дека сакаат работници со стабилни и хармонични семејства кои се фокусирани на продуктивноста на работа.

Веста за одлуката на компанијата Жеџијанг предизвика бура на кинеските социјални мрежи.

Адвокат од Шангај објасни дека може да биде отпуштен само оној кој не ги исполнува условите на работното место, или кој повеќе не може да работи.


Фото: фреепик