Откриен христијански манастир во Емиратите: Археолошките наоди покажуваат дека е постар од исламот

фото:PROFIMEDIA

Откривањето на христијански манастир во ОАЕ од 6 век, според експертите, е цврст доказ за културните и религиозните промени кои се случиле на овие простори.

На територијата на Обединетите Арапски Емирати се откриени остатоци од древен христијански манастир, стар повеќе од 1.400 години. Со ископувањата е откриено дека станува збор за еднокорабна црква со дополнителна просторија, а во близина се откриени ќелии во кои монасите поминувале време во осаменост.

На островот Синија е откриен антички манастир, а сличен наод бил ископан во 1990 година во близина. Историчарите денес веруваат дека двата манастира на крајот биле напуштени бидејќи христијаните почнале да го прифаќаат исламот - кој е сè подоминантен на оваа област од 7 век. Јаглеродното датирање на материјалот пронајден во внатрешноста на манастирот сугерира дека тој бил изграден некаде помеѓу 534 и 656 година, што одговара на приказната за исламскиот пророк Мухамед, кој е роден околу 570 година и починал во 632 година.

За вонредниот професор по археологија во ОАЕ, Тимоти Пауер, кој помогна во истражувањето на новооткриениот манастир, откритието е спектакуларно откритие и доказ за промените што се случија овде пред повеќе од еден милениум. Тој додава дека островот Синија е мочурлива област која се наоѓа на околу 50 километри североисточно од Дубаи. Тој е познат по низата песочни брегови, а сега и по откривањето на христијански манастир.

Историчарите тврдат дека првите цркви и манастири се прошириле долж Персискиот Залив и брегот на денешен Оман, сè до Индија. И многу докази сè уште можат да се најдат денес во Бахреин, Ирак, Иран, Кувајт и Саудиска Арабија. Што се однесува до ОАЕ, како што беше споменато во 1990 година, на островот Сер Бан Иси бил откриен христијански манастир, кој слично на новооткриениот во близина, имал монашки ќелии, кујна и штали за животни.

Освен тоа, археолозите во нивна близина пронашле неколку станбени единици, што укажува на тоа дека некогаш таму имало постојана населба. Исто така, се верува дека тие биле важна попатна станица за аџиите кои патувале во Индија, но поради сè подоминантната нова религија, областа била напуштена околу 750 г.


извор:nationalgeographic