Ова е чичко Зоран- својата куќа ја подари на децата оболени од рак: А прима пензија од 9.000 денари

На Светскиот ден на љубезноста, Зоран Коциќ од Нови Сад ја донираше својата викендица на Фрушка Гора на Националното здружение на родители на деца со рак.

По реновирањето, најмалите по лекување ќе останат во куќата од 100 квадрати.

Чичко Зоран живее во скромен стан со сопругата Софија и зема пензија од 9.000 денари.

Сепак, тој не сакал да ја продаде викендицата, а со солзи во очите објаснува зошто.

„Па, не би смеел да поминам покрај гробот на татко ми. Од срам. Што? Дали ти недостига нешто? Па, оди и заработи. Тоа би биле неговите зборови“, вели Коциќ.

Куќата на Поповица ја изградил со татко му во 60-тите години, има двор од девет декари и се наоѓа на надморска височина од 302 метри.

„Сето тоа беше носено на грб. Каменот беше извлечен од каменоломот со колички со волови. На раце како дете носев камења, додека работниците  градеа и само викаа: Дете, камен! Па, 200 кубни метри камен носев на 57 метри до куќата“, се сеќава Зоран.

Тој поради здравјето не влегува во куќата во последните девет години, па таму има многу работа. Меѓутоа, штом веста се рашири по сите медиуми во регионот, многу луѓе доброволно се јавија да помогнат во поправката и уредувањето на куќата.

Прво дошло градското комунално претпријатие Зеленило да го среди дворот а потоа санирање на инсталациите, струјата и водата. 

Скромниот херој на денешницата Зоран Коциќ имаше само две барања, куќата никогаш да не се продава и да се постави плоча на влезот за да се знае дека е подарок од него и од неговиот татко Јован.