Ова е главниот град на Нагорно- Карабах: Фантастична местоположба, а Азербејџан и Ерменија се „тепаат“ за превласт
Главниот град на Нагорно Карабах, Степанкерт има фантастична местоположба. Градот изобилува со многу зеленило и недопрена природа. Има 55.000 жители, јавни администрации, школи, сали, театри... Потестува на руски град по својата архитектура.
Но, по моменталнит конфликт, многу делови од градот се оштетени или разурнати.Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека уништиле ерменска воена опрема, која што се наоѓала во Нагорно-Карабах, вклучувајќи воени возила, артилерија и антиракетни системи.
инистерството за одбрана на Азербејџан утрово објави дека ги продолжува “антитерористичките” операции во Нагорно-Карабах, додавајќи дека нема да сопре додека не се предадат силите на етничките Ерменци кои живеат во оваа енклава, пишува Би-би-си. Непризнаените власти на Нагорно-Карабах соопштија дека најмалку 27 лица загинале во нападите, вклучувајќи двајца цивили.
Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека уништиле ерменска воена опрема, којашто се наоѓала во Нагорно-Карабах, вклучувајќи воени возила, артилерија и антиракетни системи.
Официјален Баку посочи дека е подготвен на мировни преговори, но под услов „нелегалните ерменски формации да подигнат бело знаме“ и да се расформира нивниот нелегален режим. Официјално, меѓународната заедница го признава Нагорно-Карабах како дел од територијата на Азербејџан. Сепак, уште со распадот на Советскиот Сојуз, Азербејџан де-факто во оваа енклава не ја поседува власта.
Азербејџан и Ерменија војуваа за Нагорно-Карабах на почетокот од 1990-тите години, кога беа протерани азербејџанските власти и население од оваа територија. Сепак, во 2020 година во новата војна Азербејџан успеа да освои дел од површината на Нагорно-Карабах, по што беше постигнат прекин на огнот и беа распоредени руски мировни сили. Но, војниците кои ги распореди Русија не успеаја да го одржат мирот.
Ерменските власти, како и жителите на Нагорно-Карабах стравуваат од прогон на ерменското население кое живее во оваа енклава. Ерменскиот премиер Никол Пашинијан го обвини Азербејџан дека започнал воена операција за “етничко чистење”.
Во ерменскиот главен град Ереван синоќа се одржаа антивладини протести, кои фрустрирани од одговорот на властите на азербејџанските напади, се судрија со полицијата пред ерменскиот парламент.
Инаку, руското Министерство за надворешни работи и американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повикаа азербејџанскиот претседател Илхам Алиев веднаш да ги прекине воените активности во Нагорно-Карабах.
Азербејџан во изминативе девет месеци воведе блокада на енклавата Нагорно-Карабах, стопирајќи ги транспортот преку Лачинскиот коридор, кој е единствената достапна патна врска за 120.000 етнички Ерменци кои живеат на оваа територија. Поради ова, и пред почетокот на воените активности од Азербејџан, во Нагорно-Карабах имаше сериозен недостиг на храна и лекови за тамошното население.
Азербејџанските власти, пак, тврдат дека воените активности ги започнале откако најмалку шест лица загинале како последица на поставени мини во вторникот, вклучувајќи и четворица азербејџански полицајци.