Ова е најголемиот волк на планетата: И е домашно милениче

Андреј Мусиенко има волк како домашно милениче, од кое крвта ви смрзнува во вените ...

Иако на сите најмногу им се допаѓаат мали и симпатични кутриња кои го топат нашето срце, некои луѓе сакаат да се грижат за вистински гиганти. Сепак, Андреј, кој живее во Русија, одлучи да биде сопственик на опасен канадски волк, кој воедно е и најголемиот волк на планетата.

View this post on Instagram

A post shared by Andrey Musienko (@blackcanadianwolf)


Андреј го најде својот најдобар пријател кога беше мал, па го воспита и го направи вистинско куче чувар. Тој вели дека неговиот волк е предобар и многу добар со луѓето, но дека знае да биде незгоден со другите кучиња, бидејќи сепак е див ѕвер кој е територијален и малку агресивен.

Андреј сепак се обидува да го држи на безбедно растојание од сите и го чува во својот голем двор, а редовно поставува клипови со своето милениче на неговите социјални мрежи. Погледнете неколку негови клипови и ќе сфатите колку е навистина голем овој ѕвер.