Ова е НАЈНИСКИОТ доктор на светот: Сурово го исмевале поради неговите сантиметри - Денес СПАСУВА ЖИВОТИ
Кога ќе слушнете колку е „висок“ ќе се изненадите.
Ганеш Бараија (23) е жив доказ дека ништо не е невозможно. И покрај дискриминацијата, тој успеа да се образува и е познат како „најнискиот лекар во светот“.
Роден е во областа Талај во индиската држава Гуџарат, а неговата приказна го обиколи светот.
Кога наполнил четири, родителите забележале дека главата му расте непроорционално со телото и го однеле на лекар. Дијагностицирано е ретко пореметување, па момчето морало да носи специјален „шлем“, пренесува Oddity Central.
На училиште го задевале сурово, особено поради нискиот раст, но имал и пријатели чија поддршка му помогнала да се фокусира на учењето.
Еден ден, на неговиот татко фармер му биле понудени 1.200 долари да го продаде синот, по што тој би го продолжил животот во циркус како кловн.
Човекот со гадење ги одбил парите, но се плашел дека Ганеш ќе биде киднапиран. Затоа го следел на училиште и кога си играл надвор.
И покрај неговите физички ограничувања, Ганеш беше многу амбициозен. Знаеше дека сака да стане доктор и ја вложи својата енергија во своето образование. Работеше напорно за да добие добри оценки.
Кога дојде време, тој аплицираше за постдипломски студии - но беше одбиен.
Иако имаше одлични препораки, медицинскиот совет на Индија сметаше дека нема да може да ги извршува своите должности во итен случај.
Секако, проблемот го видоа во неговата висина - 91 сантиметар.
Ганеш беше скршен, но не се откажа од својот сон. Со помош на директорот на училиштето стигнал до министерот за образование и до високиот суд во Гуџарат.
Неговите напори не вродиле со плод, па во 2018 година се жалел до Врховниот суд. Тоа беше решено во негова корист и тој конечно можеше да дипломира.
„Најнискиот лекар во светот“ и денес трпи одреден вид на дискриминација, бидејќи многу пациенти тешко се отвораат кога ќе го видат.
- Сите на почетокот се збунуваат, но потоа ме прифаќаат. Ме третираат срдечно и позитивно – објасни тој.
Неговото име нема да го најдете во Гинисовата книга на рекорди. Ганеш е познат како „најнискиот лекар во светот“, разлика со која се гордее, бидејќи е свесен за тешкотиите со кои се борел.
Повеќе детали во видеото подолу:
Србија Данас/Социјални мрежи/