Ова е најскапата земја во Европа: Пијалок чини 17 евра, а чаша вино 10-каде на листата е Македонија?

Според најновите податоци на Евростат најскапа земја во Европа е Исланд.

Цените во таа земја, минатата година биле дури 56 отсто повисоки од европскиот просек. Втора на листата е Швајцарија , а трета Норвешка.

За споредба, пијалок во исландски ресторан чини околу 17 евра, чаша вино околу 10, а пиво 7. Вечера за двајца пак е околу 85 евра, флаша вино во продавница е 17 евра, а пакет јајца е 5 евра.

Сепак, просечната бруто плата на постојано вработени лица на Исланд е околу 4500 евра. Станарината на помал стан во Рејкавик е 1300 евра месечно.

Кога е во прашање регионот, пак најскапа е Хрватска, каде водата е околу 2,5 евра.

Словенија се наоѓа на 19 место. Црна Гора е на 30 место, а следи и Србија, додека БиХ се наоѓа на 34 место на листата најскапи земји.

Ова е листата на европски земји од најскапа кон најевтина.

1. Исланд

2.Швајцарија

3.Норвешка

4.Данска

5.Ирска

6.Луксембург

7.Финска

8.Шведска

9.Велика Британија

10.Холандија

11.Белгија

12.Франција

13.Австрија

14.Германија

15.Италија

16.Шпанија

17.Кипар

18.Португалија

19.Словенија

20.Грција

21. Малта

22.Естонија

23.Летонија

24.Чешка

25.Словачка

26.Хрватска

27.Литванија

28.Унгарија

29.Полска

30.Црна Гора

31.Србија

32.Албанија

33.Романија

34.Босна и Херцеговина

35.Бугарија

36.Северна Македонија

37.Турција