„Ова е првата работа што ја вели ѓаволот кога ќе влезе во човекот – една реченица никако да не ја изговорите, ни на шега“, тврди отец Предраг

Отец Предраг Поповиќ е препознаен како духовник чии мисли, зборови и ставови предизвикуваат голема почит и внимателно се следат, како меѓу верниците, така и меѓу многубројните почитувачи. Своите размислувања редовно ги споделува со следбениците и пријателите на Фејсбук и Јутјуб, каде што уживаат големо внимание и одек.

Во едно од своите обраќања зборуваше за сите опасности што ги носи осаменоста и изговарањето на реченицата „не ми треба никој“.

Отец Предраг Поповиќ вели дека ѓаволот не оддалечува од суштината кога ќе речеме дека не ни треба никој во животот.

– „Мене не ми треба никој. Само јас и Бог“ – размислување кое, како што наведува и предупредува отец Предраг Поповиќ, носи со себе бројни замки бидејќи на тој начин се оддалечуваме од семејството, стануваме мрзеливи и полесно е да се управува со нас без отпор. На тој начин човекот учи да ја сака осаменоста, а нашиот свештеник истакнува дека таквиот однос кон животот може да биде опасен.

„Човекот мисли дека и понатаму му служи на Бог, а не е така“

– Ѓаволот на тој начин ја напаѓа суштината на спасението на човекот, а човекот сепак има впечаток дека му припаѓа на Бог и дека му служи. Потоа сè станува многу лесно – започна отецот на својот Фејсбук профил.

Понатаму продолжи да објаснува што се случува кога човекот ќе се одвои од суштината, која ја спомна на почетокот, и колку е важно тој ист човек да биде покрај своите блиски и своето семејство за да може да напредува во иднина, наместо да западне во летаргија и монотонија на сопствениот живот.

– Кога човек ќе излезе од заедницата, кога ќе се одвои од семејството, многу лесно е да се манипулира со него. Првото нешто што ‘демонот’ го прави кога ќе влезе во човекот е тоа што го одвојува од семејството. И човекот почнува да сака да е сам и во своите мисли – меѓу другото, раскажа отец Предраг Поповиќ во својата неодамнешна објава и повторно предупреди да не изговараме, ниту да помислуваме дека не ни треба никој во животот.

Извор: Стил Курир