Ова е за Гинис! Полицијата запре минијатурно возило, од него излегле дури 27 патници

Кога полицајците во еден индиски град неодамна запреа тук-тук (минијатурно возило наменето за тројца патници), беа шокирани од бројот на луѓе кои се превезуваа внатре.

На социјалните мрежи стана вирално видео на кое се гледа како 27 луѓе, меѓу кои и деца и постари, се симнуваат од тук-тук во Фатехпур.

На него се гледа како полицаец го брои секој патник додека излегува од возилото. Тук-тук генерално може да превезува три лица, но некои се модифицирани за да превезуваат до шест патници. Инцидентот со преполно возило се случил во Фатехпур, град во најнаселената индиска држава Утар Прадеш.

Според пишувањата на медиумите, кога полицијата се обидела да го запре тук-тукот поради пребрзо возење, возачот се обидел да побегне. Полицијата потоа го бркала и го натерала да застане. Полицијата беше „шокирана кога виде преку дваесет патници внатре“, изјави за The Times of India, началникот на полицијата во Фатехпур, Раџеш Кумар.

Тук-тукот е задржан поради прекршување на брзината и преоптоварување, а видеото од овој необичен настан беше добра причина за шега на социјалните мрежи.


Фото: Твитер принтскрин/Benarasiyaa