Ова малечко е наше: Се вика Рибарче и е загрозен вид

Птиците ги населуваат сите континенти и сите екосистеми на нашата планета. Постојат околу 10.000 различни видови птици, а се проценува дека околу 50 милијарди членови на оваа група животни живеат на Земјата, што е шест пати повеќе од бројот на луѓе.

Погледнете неколку од најчудните и најслатките птици од целиот свет во галеријата. На крајот, ви преставуваме и птици кои се крајно необични, а ги има токму овде, во Македонија:

ЗЛАТЕН ФЕЗАН

Мажјаците од златниот или кинескиот фазан (Chrysolophus pictus) се украсени со раскошни пердуви во светли нијанси на жолта, портокалова, црвена, зелена и сина боја. Спротивно на тоа, женките се кафеави и незабележителни, пред се поради маскирање за време на периодот на одгледување. Фото: Шатерсток

АНДИСКИ КОНДОР

Познатиот андиски кондор (Vultur gryphus) е симбол на многу јужноамерикански земји во чии култури зазема почесно место. Овој месојад е претежно црн, со бели пердуви на делови од крилјата и околу вратот. Главата му е без пердуви, црвеникава боја, чиј тон се менува во зависност од расположениетона птицата. Фото: Шатерсток

СЕВЕРЕН КАЗУАР

Овој вид се смета за една од најопасните птици во светот. Северниот казаур (Casuarius unappendiculatus) е птица која не лета, а мажјаците достигнуваат висина од 1,65 метри и тежина од 50 килограми. Женките се дури и повисоки и често тежат дури 75 килограми. Сепак, тие изгледаат многу помали отколку што навистина се затоа што одат свиткани, со 'рбетот паралелено со земјата. Фото: Шатерсток

ТУРАКО ЛИВИНГСТОН

Овој симпатичен вид не го добил своето име според познатиот истражувач Дејвид Ливингстон, туку од неговиот брат Чарлс. Tauraco livingstonii ги населува југоисточните делови на Африка. Фото: Шатерсток

ПИЦАТА СО СИНИ НОЗЕ

Како што сугерира неговото име, синоногата птица (Sula nebouxii) е необична морска птица со сини нозе што се населува во тропските области на Латинска Америка. Сината боја на нозете доаѓа од пигментот каротеноид што го внесува преку свежата риба со која се храни. Интензитетот на бојата укажува на исхраната и здравјето на поединецот. Фото: Шатерсток

ХОАЦИН

Хоацин (Opisthocomus hoazin) живее во мочуриштата на Амазон. Оваа птица се нарекува и смрдлива птица бидејќи се карактеризира со непријатен мирис што се јавува како резултат на ферментација на храната во нејзиниот дигестивен систем. Хоацин е национална птица во Гвајана. Фото: Шатерсток

ПТИЦИ КОИ ГИ ИМА ВО МАКЕДОНИЈА, А СЕ КРАЈНО НЕОБИЧНИ

БЕЛОГЛАВАТА ПАТКА

Белоглава патка (Oxyura leucocephala) е вид птица од семејството патки со тврда опашка. Возрасните мажјаци имаат сиво-црвеникаво тело, син клун, а главата им е бела со црвена капа и црвен врат. Возрасните женки имаат сиво-кафено тело, имаат бело лице, темен клун и шарен образ. Долги се 43-48 сантиметри, а тешки се 580-750 грама. Фото: Википедија

РИБАРЧЕ

Рибарче, водомар или обично рибарче (науч. Alcedo atthis) — мала птица од семејството на рибарчињата која има 7 подвида распространети низ Евроазија и Северна Африка, a единствен вид од рибарчињата. Го има и во Македонија. Живее крај умерено брзи реки или езера кои мора да се бистри и во нив да има доста мали рипчиња. Се храни со риби, но и со инсекти, мали ракчиња и полноглавци. Претежно е постојан жител (резидентен), освен на местата каде замрзнуваат реките и е преселничка. Овој вид во Европа бројно се опоравува иако сè уште се смета за загрозен, но во светски рамки бројноста не е загрозена и затоа според статусот спаѓа во категоријата најмала загриженост. Оваа птица, со големина колку градско врапче, е типична за својот вид, со кратка опашка, голема глава, сино перје одозгора, портокалово одоздола.

МУСТАКЛИВА СИПКА

Мустаклестата сипка (науч. Panurus biarmicus) е мала врапчевидна птица со силно изразен полов диморфизам. Иако, во македонскиот јазик името ѝ е сипка, таа не спаѓа во семејството на сипките (Paridae), туку во блиското семејство Panuridae.

Оваа птица е мала, портокаловокафеава по боја со долга опашка и брановиден лет. Долги се околу 15 см. Мажјакот има синосива глава и црни долги „мустаќи“ (не и брада). Женката нема мустаќи и главата ѝ е кафеава. Јатото често го предава своето присуство во грмушките со карактеристичното ѕвонливо пинг огласување.

Р.М.М