Ова мора да се види: Буквално ги проголта земјата за една секунда

Камерата за надзор во кинескиот град Чонгкинг сними застрашувачки момент кога тротоарот се сруши и проголта две лица, но и двајцата за среќа преживеаја.

Видеото е направено пред неколку дена и ги шокираше многумина на социјалните медиуми. На снимката се прикажани две лица кои мирно минуваат по патот, сè додека не се сруши тротоарот. Двајцата беа спасени од екипа на пожарникари и однесени веа во болница.

Жената поминала со повреда на ногата, скршена од камен, додека мажот се здобил со мала повреда на главата, пренесува Њујорк пост. Причината за падот се уште е под истрага, иако се верува дека свлечиштето се случило и поради неодамнешните поројни дождови во Кина. 

Погледнете како изгледаше.