Оваа куќа е во Македонија, може да биде ваша за цена од која боли глава

Ако не се сајтовите за недвижнини кои ги има во голем број кај нас, нема ни да знаеме какви куќи постојат во Македонија. А, има такви раскошни кои изгледаат како оние што ги гледаме на филмовите или во видео спотовите на планетарно познатите светски личности. 

Некои од таквите зданија со невројатен луксузен изглед се продаваат, а за да може добро да се продадат, на располагање има и пригодни фотогрфии за нивна илустрација. 

На популарниот сајт Реклама 5 наидовме на ваква понуда и ваква убавина од стилска уметничка куќа, вила, палата или што и да е...

Објектот се наоѓа во Скопје, во елитната населба Бардовци.

Располага со површина од 400м2, 4 соби (дневна, 3 спални). Дворното место е 900м2
Содржи и 2 бањи и 2 тераси. Направена е на две нивоа.

Има паркинг место за 6 возила, а во описот се наведува внатрешен и надворешен базен.

Внатрешноста е импозантна, исто како и надворешноста.

Цената е половина милон евра или околу 480.000 евра.

Извор и фото: Реклама 5