Овие македонски политичари во ист ден прославија матура за своите деца: Им се обратија со емотивни честитки

Периодот го обележуваат прослави на матурски вечери. Овој радосен чин за матурантите и нивните семејства, многумина јавни личности го споделуваат со својата публика. 

Вчерашниот ден беше радосен за семејствата на троица македонски политичари кои во ист ден организираа прослава на матурската вечер за своите деца. Премиерот, Христијан Мицкоски, градоначалникот на општина Ѓорче Петров и пратеникот Фатмир Битиќи, со емотивни обраќања и честитки ги стоплија срцата на јавноста, а честитки пристигнуваа од сите страни. 

Премиерот Мицкоси му порача на својот син дека од октомври се гледаат во студентските клупи на Машински факултет каде Мицкоси беше редовен професор пред преземање на функцијата. 

„Синко среќна матура и добредојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки, нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од Октомври се гледаме на Машински!“ - стои во честитката на премиерот упатена до неговиот син. 

Од друга страна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски накусо му го честиташе овој посебен и радосен ден на својот син.

Среќна матура синко, жив, здрав и успешен, напиша тој во неговата честитка наменета за син му. 

Матура се славеше и во домот на пратеникот во македонското Собрание, Фатмир Битиќи. Тој се осврна на иднината на младите и перспективите на општеството да понуди нови опции.

Се чувствувам гордо и емотивно вечерва - како вчера да беше денот кога првпат те одведов во градинка. Денеска стоиш пред мене како матурант, со животен сјај во очите и соништа пред себе.
И покрај сите мои напори и желби, жал ми е што не успеав да ги отворам европските врати, да ви понудам повеќе перспективи и можности овде, во татковината. Секој родител сонува да направи повеќе, да даде повеќе.
Но, едно знам - Калтрина, ти си воин. Вие сте доволно силни, мудри и храбри да го пронајдете вистинскиот пат, без разлика каде ќе ве одведе животот. И секогаш ќе бидам тука, со срце полно со љубов и поддршка.
Среќна матура за вас. Денес светот е ваш, стои во неговата честитка.
Од јавноста пристигнуваа реакции во голем број, честитки и желби за поголеми успеси во иднина.