Овој актер направи сѐ за да се види со Тито: За оваа анегдота од претседателската вилa и понатаму се зборува

Познато е дека Јосип Броз Тито беше човек кој многу уживаше во секој вид на уметност...

Беше љубител на добрата музика, но и вљубеник во вестер филмовите.

Најголемата ѕвезда тогаш беше Кирк Даглас, а за средбата помеѓу него и претседателот Тито и понатаму се зборува.

Брачниот пар Даглас имаше голема желба - да го запознае Јосип Броз Тито, тогашниот претседател на СФРЈ.

Меѓутоа, во амбасадата им објасниле дека тоа е тешко изводливо, но Крик не се откажувал. Се јавил во кабинетот на Тито.

Средбата се случила во вилата на Тито во Љубљана, каде поминале три часа. Се пиело вино, зборувале, најмногу за вестерн филмовите кои Броз ги обожувал, а ги имал изгледано сите во кои Даглас глумел. Омилениот филм на Маршалот бил „Gunfight at the O.K. Corral“, направен по вистински настан од 1881 година и се смета за најпознатиот двобој на Дивиот Запад. Овој филм е снимен во 1957 година, Крик Даглас го глумеше коцкарот Док Холидеј. Конфликтот во реалноста траел половина минута, но филмот ги игнорирал историските факти и конфликтот е прикажан како исцрпувачки и долг.

По средбата, амбасадорот на Велика Британија се пожалил на катерот дека никако не успеал да стапи во контакт со претседателот на Југославија веќе шест месеци.

Крик му одговорил: „Господине амбасадоре, колку филмови снимивте Вие?“