Овој човек пробал повеќе од 150 дроги за вие да не морате
Колку далеку би отишле кога се работи за истражување? Шеесетгодишниот Доминик Милтон Трот се обиде со над 150 различни видови на дроги за да открие како тие влијаат на човечкото тело и да и даде на јавноста точни информации за влијанието на секој од нив.
Британецот почна да ги опишува неговите искуства во"The drug users Bible" , бидејќи сфати дека има многу дезинформации за ефектите од дрогата. Тој беше особено загрижен од фактот дека никаде не може да се најдат сигурни информации за безбедно користење на кој било вид на дрога. Забележува и дека ова може драстично да го намали бројот на смртни случаи со предозирање, пишува Лабиб.
За една деценија, овој Британец темелно истражувал, користел разни супстанции и внимателно го документирал она што му се случува. Наоѓал низ целиот свет различни психоделици, стимуланси, анксиолитици, како и дроги што студентите ги земаат додека учат. Тој опишал од кои супстанции боледувал со денови, и од кои се чувствувал лошо. Тој исто така тврди дека халуциногената ајахуака е дрог што го сменила неговиот живот и светоглед.
Трот смета дека управните институции треба да преземат поинаков пристап кога станува збор за минимизирање на употребата на дрога. Иако за време на своето истражување тој поминал низ некои лоши искуства, посочува дека сето тоа вредило ако информациите што ги напишал заштедиле барем еден живот.