Овој детаљ го потресе светот: Кој е православниот свештеник на крунисувањето на кралот Чарлс III

Според изразената желба на кралот Чарлс III за време на крунисувањето, биле вклучени и некои симболи на други религии, особено на православните.

За време на самиот чин на крунисувањето, токму кога на Чарлс му беше врачен мечот, хор од православни свештеници го пееја Псалмот 71 на грчки јазик, кој британскиот монарх лично го избра. Ова византиско пеење било во чест и во спомен на покојниот татко на кралот, принцот Филип, кој беше Грк, пишува istorizizabavnik.rs.

Исто така, по поставувањето на круната на главата на новиот британски монарх, тој беше опкружен со свештеници на англиската црква, како и римокатолички и православни и прочита заедничка молитва. Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Тијатира и Велика Британија Никита прочита молитва пред православната заедница, а на церемонијата за првпат учествуваа и протестантски свештеници.


Иако овој потег некому однадвор може да изгледа невообичаен, кралот Чарлс постојано нагласува дека сака неговото владеење да биде обележано со единство и хармонија меѓу народите и религиите. Иако формално е поглавар на англиската црква, кралот постојано изјавува дека сака да биде „бранител на верата“ на која било религија, а не бранител на една, специфична, англиканска вера.


Згора на сето тоа, веќе неколку децении во Вестминстерската опатија, во наосот, има православни икони на Христос Спасителот и Богородица со Исус.

Англиканската и православната црква се всушност многу блиску. Сопругот на покојната кралица, принцот Филип, бил крстен во православието, но за да се ожени со Елизабета II, ја сменил својата вера. Неговиот син, сегашниот крал Чарлс III покажува голем интерес и почит кон православието. Досега неколку пати ги посетил Света Гора и Хиландар и таму престојувал по еден месец.


Фото и Видео: Youtube