Панголините можеби го инкубираат новиот коронавирус, покажува студијата за гените
(Си-ен-ен) Научниците рекоа дека е премногу рано да се обвинат панголините (мравојад) за пандемијата и да се каже дека трет вид животно може да има домаќин на вирусот пред да се прелее кај луѓето.
Она што е јасно е дека коронавирусот постојано разменувал гени со слични видови кои инфицираат лилјаци, панголини и можен трет вид, тим на истражувачи од универзитетот Дјук, Национална лабораторија Лос Аламос, објавија во списанието Science Advances.
Она што е исто така јасно е дека луѓето треба да го намалат контактот со диви животни кои можат да пренесат нови инфекции, заклучија истражувачите.
Тимот анализирал 43 комплетни геноми од три видови на коронавируси кои инфицираат лилјаци и панголини и кои личат на новиот вирус Ковид-19.
„Во нашата студија покажавме дека навистина САРС-КоВ-2 има богата еволутивна историја што вклучува реконструирање на генетски материјал помеѓу лилјак и панголин со коронавирус пред да се стекне со својата способност да скокне на луѓето“, рече Елена Џорџи, вработена научничка во Национална лабораторија Лос Аламос која работеше на студијата.
Но, нивните откритија може да ги пуштат панголините од “јадицата”. Животните, познати и како лушпести животни, се продаваат како храна во многу земји, вклучително и во Кина, и биле главен осомничен како можен извор на пандемија.
„Тековните примероци на панголин коронавируси во моментот се премногу различни од САРС-КоВ-2 за да бидат негови неодамнешни прогенитори“, напишаа истражувачите.
Дали е мешање и совпаѓање помеѓу вирусите од лилјаци и вирусите од панголин доволно за да се смени вирусот во форма што сега лесно ги инфицира луѓето, останува нејасно, велат истражувачите.
„Исто така е можно и други се уште неидентификувани домаќини (можат да бидат) заразени со коронавируси кои можат да скокаат до човечко население преку пренесување на вкрстени видови“, напишаа истражувачите. „Ако новиот вид САРС-КоВ-2 не предизвика широко распространети инфекции кај нејзините природни или посредници домаќини, таквиот вид никогаш не може да се идентификува“.
Но, луѓето се во ризик да бидат заразени со нови вируси преку „влажни пазари“, каде што многу различни видови на живи животни се во кафез и се продаваат, а со тоа што се движат подлабоко во шумите каде живеат животните, уште поголем е стравот од заразата, велат истражувачите.
„Додека се уште се бара директен носител на САРС-КоВ-2, едно е јасно: намалувањето или елиминирањето на директен контакт со човекот со диви животни е клучно за да се спречи нова коронавирусна зооноза во иднина“, заклучија тие.