Папата „немирко“: Му се допаднала надарена убавица
Едноставно, не може, а да не биде во центарот на вниманието.
Бразилката Наталија Гарибото е една од најпопуларните блогерки на светот, која парите ги заработува благодарејќи на своите бујни облини. Оваа убавица на крајот на минатата година заработуваше и до 30.000 евра месечно.
Но, покрај големите примања и луксузниот стил на живот, оваа девојка вели дека нејзината работа има и мрачна страна.
Наталија тврди дека нејзините фотографии често носат погрешен вид на внимание, дека луѓето погрешно ја проценуваат и дека неретко е соочена со многу лоши пораки и многу навреди.
Голем број пораки ѝ пристигнуваат и од познатите мажи, од кои многумина се во среќни врски.
„Пораките се шокантни. Скоро секогаш има некој лик кој сака да ми испрати авион во Дубаи и ми нуди од 50 до 100 илјада долари за тоа. Најмногу ме изненадуваат спортистите и тоа оние кои имаат сопруги и делуваат како да се во среќен брак, но постојано ми испраќаат пораки. Раперите исто така“ - ракажа своевремено Бразилката.
Таа е свесна дека популарноста ја должи на тоа што слободно ги прикажува своите облини:
„Секлогаш почнува така што мажите ми пишуваат дкеа сум убава, а кога ќе им одговорам, тогаш ја вртат приказната и ми велат дека сум грда. Сепак, мислам дека жените на Инстаграм се уште полоши од нив. Запознав многу девојки кои ги сметав за пријателки и соработнички, а тие потоа ме ограбуваа, озборуваа, измислуваа работи за мене“ - се пожали згодната Наталија
Но,скандал изби откако на Папата Франциск му се „допаднале“ фотографии на Инстаграм na профилот на убавицата, па ја лајкнал. Вакво нешто скоро и да се нема случено, а веднаш беше повлечен лајкот.