Пиеше озрачено млеко и пливаше во загадена река: Приказна за првото бебе родено по катастрофата во Чернобил
Првото дете родено по катастрофата во Чернобил која се случи во 1986 година, денес израсна во здрава, млада жена. Чернобил секогаш е актуелна тема, најчесто за нуклеарната катастрофа од 1986 година. Марика претставува симбол на чернобилската ренесанса, пишува „Мирор“.
Таа ги полнеше насловните страници пред 19 години, кога стана првото бебе родено во близина на спорниот реактор со број четири. Со години ја немаше во медиумите. Марика, која наскоро ќе наполни 22 години, студира во Киев, а „Сандеј експрес“ ја пронајде во главниот град на Украина. „Добра сум, работам“, рече таа.
Кога се роди, во 1999 година, украинските власти се обидоа да го сокријат „срамот“ на нејзиното доаѓање во семејството на чернобилските работници кои нелегално живеат во зоната за евакуација од 30 километри. Нејзините родители одбија да ја напуштат опасната зона затоа што властите не им понудија алтернативно сместување. Но, многумина ги обвинуваа и ги малтретираа за „убивање“ на ќерката.
Нејзината мајка, Лидија Совенко мораше да ги демантира гласините за здравјето на својата ќерка. „Ако луѓето мислат дека има две глави и дека е мутант, грешат. Таа е прекрасно дете кое е апсолутно здраво“, рекла мајката.
Мајката на Марика додава оти луѓето веруваат дека Марика е симбол на чернобилската ренесанса. „Таа е знак од Господ. Луѓето кај нас веруваат дека е благослов да се живее овде и дека животот се враќа на ова место“, изјавила мајката на Марика.