Плаќајте со HalkPay на Халкбанк и учествувајте во големото финале на наградната игра „Шопинг победа“
Уште пет корисници на мобилната апликацијата HalkPay на Халкбанк имаат шанса да добијат андроид мобилни телефони кои банката ги доделува во рамките на наградната игра „Шопинг победа“ која започна на 01.11.2020 и ќе трае до крајот на февруари. Со извлекувањето кое ќе биде организирано утре и во рамките на кое ќе бидат земени предвид сите трансакции направени со кредитни или дебитни картички на Халкбанк од брендот Mastercard во текот на јануари, се заокружуваат месечните извлекувања во кои на месечно ниво се доделуваа по 5 андроид мобилни телефони.
Oстанува и главното извлекување кога ќе се доделат 10 ваучери за велосипеди, 6 Garmin часовници и еден електричен велосипед, а ќе се одржи на 10 март. Во него право на учество ќе имаат сите клиенти кои ги исполниле условите во целиот период на траење на наградната игра, без разлика дали во месечните извлекувања имаат добиено награда.
Сите корисници на апликацијата HalkPay и во текот на февруари треба да продолжат со нејзино користење. Во ова извлекување, кое ќе се одржи на 10 март, учествуваат сите трансакции направени во период од 1 ноември до 28 февруари.
Во наградната игра една шанса за учество имаат клиентите кои направиле една валидна трансакција преку HalkPay мобилната апликација со дигитализирана дебитна картичка од брендот Mastercard, додека, пак, тројна шанса за учество добиваат клиентите кои направиле една валидна трансакција преку HalkPay мобилната апликација со дигитализирана кредитна картичка од брендот Mastercard.
Услугата HalkPay овозможува сите сопственици на Mastercard картички, издадени од Халкбанк АД Скопје, својот паричник да го имаат во мобилниот телефон, односно да можатна едноставен начин да вршат плаќања со својот мобилен телефон на сите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. Наградната игра„Шопинг победа“ е организирана со цел клиентите е да се уверат во предностите од секојдневната употреба на овој вид бесконтактно плаќање и да се приклучат на она што е светски тренд во вршењето трансакции.
ПР-Објава