ПО 40 години, Кина оди на месечината со сонда

Во првата ваква операција во светот по повеќе од 40 години, Кина испрати сонда на Месечината, која се очекува да собере карпи од Месечината и да се врати на Земјата.  Ракетата со сондата беше лансирана од вселенскиот центар Венчанг, на јужниот тропски остров Хаинан. 

Мисијата Чанг’e 5, именувана по божицата на Месечината во кинеската митологија, е досега најамбициозната кинеска мисија на Месечината. Доколку биде успешна, тоа ќе биде голем чекор напред за вселенската програма на Кина, а некои експерти велат дека тоа може да биде подготовка за земање примероци од Марс, па дури и за мисии на Месечината со екипаж.