По деценија емитувања, изгубени се видеа од две Евровизии: Еве кои и зошто

Изборот за песна на Евровизија првпат се одржа во 1956 година. Од тогаш до денес овој музички фестивал го задржа својот континуитет и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдолготрајна натпреварувачка телевизиска програма.

Евровизија е специфична и по тоа што отсекогаш се емитувала на телевизија и се снимала од нејзината прва организација до денес. Сепак, снимки од две евровизии денеска не постојат!

Првата изгубена Евровизија

Првиот натпревар за песна на Евровизија се одржа во 1956 година во Лугано, Швајцарија. Бидејќи тоа беше време кога само мал број Европејци имаа телевизор, тој се пренесуваше главно преку радио станици. Но, бидејќи имаше телевизиски сигнал, тој беше снимен и емитуван за оние малкумина кои имаа ТВ приемници.

Сепак, оваа снимка сега се смета за изгубена. Се претпоставува дека тоа се случило токму поради тоа што песната на Евровизија првенствено била снимена за радио. Зачувана е аудио снимка од натпреварот. А само неколку децении подоцна се појави видеото од повторната изведба на победничката песна, снимена од фотографот Винченцо Викари, а ова засега е единствената копија од првото евровизиско парче пронајдено.


Втората изгубена Евровизија

Изгубена е и „Евровизија 9“, т.е. натпревар одржан во 1964 година во Копенхаген, Данска, иако, за волја на вистината, од сосема различни причини.

Тоа беше првпат натпреварувањето да го организира нордиска земја. Учествуваа 16 земји, а дебитант беше Португалија. За прв пат победи Италија, а конкуренцијата е позната и по тоа што Југославија за прв и единствен пат имаше 0 бодови. Претставник беше Сабахудин Курт.

Како се изгуби снимката? Снимката постоела, но била уништена во пожар во зградата на данскиот радиодифузер во 70-тите. Ниту еден друг радиодифузер не ја снимил целата програма. Единствените зачувани снимки се делови од поединечни песни, реизведба на победничката песна, како и аудио снимка од натпреварот.


извор:istorijskizabavnik