По кавга околу чистење на тоалетот, брачен пар со бизарно откритие: Немале поим дека ќе го пронајдат ова (ВИДЕО)
Брачниот пар Рори (41) и Трејси Ворстер (40) се вселиле во нов дом, а еден месец подоцна биле шокирани од глетката во бањата.
Треба да се напомене дека парот дошол во зградата стара 700 години, за која се верува дека некогаш му припаѓала на викар - (општо име за емисари, луѓе кои претставуваат службеник, mеѓутоа, таа титула најчесто се однесува на службениците на христијанските цркви како помошници свештеници), пренесува New York Post.
„Се започна со нашата расправија околу чистењето на бањата. Да не беше тоа, веројатно немаше да го најдеme“, објаснила Трејси.
Куќата со 12 соби била преголема и новите станари не ја истражиле целосно.
„Не можев да верувам во тоа што го гледам. И викнав на сопругата „најдов нешто“ и таа дојде“, изјави Рори.
Објавената снимка го прикажува лицето на „лут“ гаргој каков што може да си замислите во замокот на Дракула. Се наоѓаше под дрвена плоча, на дофат на тоалетната школка.
Парот објави фотографии на интернет, а многумина мислеа дека гаргојлот е „доказ за окултни активности“. Сепак, најверојатно служел како систем за одводнување во 14 век.
„Не сум сигурна зошто беше скриена“, рече Трејси, додека нејзиниот сопруг верува дека поранешните станари знаеле што има под плочата.
Ваквите „креации“, инаку, се користеле за одводи за дожд, а најчесто во форма на гротескни животни, човечки фигури или фантастични имагинарни ѕверови.
Извор: Kurir.rs