По победата на Бајден: Што му направија на Трамп во Музејот на восочни фигури
Музејот „Мадам Тисо“ во Берлин пред неколку дена симболично ја отстрани восочната фигура на Доналд Трамп, лондонскиот „Мадам Тисо“ ја облече својата фигура како обичен играч на голф, откако Бајден беше избран за претседател на САД.
Администрацијата на музејот на претседателот во заминување го маскираше (облече) од неговиот типичен син блејзер и црвена вратоврска во голф кошула во боја на лаванда и панталони во риги, во комбинација со црвена капа за бејзбол.
His campaign may not have been a hole in one, but @realDonaldTrump is now on course to dedicate more of his time to his favourite sport as #MadameTussaudsLondon re-dresses his figure in golfing attire to reflect his potential 2021 wardrobe @PA pic.twitter.com/pGUs8jKOnW
— Madame Tussauds London (@MadameTussauds) November 7, 2020
За поголемо истакнување на неговото заминување од Белата куќа, управата на музејот покрај него стави голема торба со голф-стапови.
За време на викендот Трамп беше забележан двапати на терени за голф, бидејќи долго и во напнатост се броеа гласови во некои држави, а американските медиуми предвидуваа победа на неговиот противник на претседателските избори во 2020 година.
„Доналд Трамп сега ќе има повеќе време да му се посвети на својот омилен спорт“, твитна музејот откако американските медиуми ги објавија резултатите од изборите.
Покрај американски одморалишта за голф, Трамп поседува и голем број терени за голф во Велика Британија и Ирска.
Познато е дека управата на музејот реагира навремено на актуелните настани. На почетокот на 2020 година, принцот Хари и неговата сопруга Меган беа многу брзо одделени од остатокот на кралското семејство по одлуката да се повлечат од кралските настани.
Фото: EPA/ Твитер
Можеби ќе ве интересира:
Сестрата на Доналд Трамп: Не би направил ништо за никого ако не би имал корист од тоа