Почина Џеј Рамадановски – кралот на народната музика

Почина  Џеј Рамадановски. Пејачот со македонско потекло е роден во Белград 26.05.1964 година. А почина денес, во својот стан во Доркол.

Тажната вест ја потврди и неговиот менаџер. Имаше 56 години и беше во многу лоша состојба.

Менаџерот истакна дека пејачот не умрел од коронавирус.

Менаџерот на Џеј Рамадановски ја потврди тажната вест. Тој имаше 56 години, и беше во лоша состојба.

Здравствената состојба на пејачот е лоша веќе неколку години, а во последното интервју тој посочи дека не се движи никаде, бидејќи ковид-19 ќе биде фатален за него.

Исто така, по тој повод, Рамадановски се пожали на зголемување на телесната тежина и објасни дека воопшто не се движи поради пандемијата, но исто така призна дека често нарачува брза храна, а со тоа доаѓа и дебелината.

Пејачот е роден во ромско семејство со потекло од Македонија, како единствено машко дете. Првите години од својот живот ги поминал на улиците на Доркол, каде што живееше до крајот на својот живот.


Фото: ATA Images