Забава // Занимливости
Почина еден од најомилените скопски бербери, Џеваир Јакупи - Џеки
- 12 Октомври, 2022
За жал, луѓето си одат од овој свет, ненајавено, наеднаш...
Утрово на 38-годишна возраст во Скопје почина еден од најпознатите скопски бербер Џеваир Јакупи – Џеки, сопственик на студиото „Џеки Јанг“ во ТЦ Зебра.
Веста со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. Скопјани преку своите фејсбук профили споделуваат сеќавања и упатуваат последен поздрав до човекот кој секојдневно ширел позитивна енергија и се грижел за нивниот изглед.
Познатиот бербер Џеки, иако млад позади себе имаше повеќе од 25 години искуство во овој занает. Беше еден од омилените бербери на скопјани.