Под сјајот и луксузот на Париз се кријат ужаси: Долу царуваат мртвите
Под сјајот, плоштадите и вревата на Париз, градот на светлината, се кријат необични места.
Постојат подземни каменоломи на околу 20 метри под површината на милионскиот град кои датираат од крајот на 18 век.
Скриени гробници
Подземните каменоломи се поврзани со коридори и ги претставуваат старите париски гробишта.
Имено, во текот на 18 век, властите решиле да ги олеснат пренаселените париски гробишта и да спречат инфекција, со пренесување на коските од масовните гробници во каменоломи.
Денес во овие подземни тунели има околу 6 милиони остатоци. Меѓу нив се и некои од значајните имиња на Француската револуција.
Мрежата од тунели ја користела и Движењето на отпорот за време на Втората светска војна, за тајни собири и „незабележливо“ движење низ градот.
Вљубениците во катакомбите бараат скриени влезови во оваа подземна мрежа на тунели
Оние кои сакаат да го направат тоа легално, треба да одат на плоштадот Денфер-Рошера, каде што ќе бидат пречекани со предупредување дека долу царуваат мртвите. Ако не се плашите од мртвите, можете да прошетате низ еден дел од оваа скриена гробница.
Треба да чекате со часови за да влезете и да тргнете по патека која се состои од 130 скалила во подземјето.
Влезот е забранет за инвалиди, лица со срцеви или белодробни проблеми и деца.