Подобро е да се купи мала или голема пица? Математичарите одговараат на вечната дилема (ФОТО)

Тие користеа геометриски формули

Вечното прашање што се поставува при нарачување пица е „дали е подобро да се земе помала или поголема?“, а сега математичарите дојдоа до заклучок дека секогаш е поисплатливо да се земе поголема пица.

Имено, поголема пица е подобра затоа што добивате поголема количина храна, но излегува и дека добивате повеќе за потрошените пари и дека во пропорција на добиеното и цената, таа е дури и поевтина од обична или мала пица.

Кај нас, мала пица обично има дијаметар од 28 сантиметри, а голема 42 сантиметри. Додека цената на мала пица е приближно 150-200 денари, цената на големата е двојно повисока. Сето тоа изгледа прифатливо затоа што плаќате двојно поголема цена за многу поголема пица, но не е баш така.

Цела формула за количината на пица и нејзината цена се појави на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by 9GAG: Go Fun The World (@9gag)


Математичарите користеле формула за да ја пресметаат површината на кругот и докажале дека голема пица, која во овој случај има дијаметар од 18 инчи (47 см), зафаќа површина од 645 см2 што е повеќе од вкупно две пици со дијаметар од 12 инчи (30 см) површина од 574 cm².


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Се храни со цветови за здраво тело: Ѓоковиќ ви ги препорачува токму овие