Подземен град под Пекинг, цела Македонија може да ја собере (видео)
Откако поранешниот кинески претседател Мао Цедонг им нареди на своите сограѓани да „копаат длабоки тунели, да подготвуваат храна и да се подготват за војна“, под Пекинг беше изграден голем подземен град.
Засолништата познати како Дикија Ченг никогаш официјално не ја обелоденија вкупната големина на комплексот, ниту точната локација на сите тунели, но за нив се верува дека зафаќаат површина од повеќе од 50 километри и ги поврзуваат главните владини згради, пренесува британскиот „Експрес“.
Тензиите меѓу Кина и Советскиот Сојуз за време на Студената војна го достигнаа врвот во 1969 година со конфликт на границата. Затоа Кина беше во голема подготвеност за реалната можност за војна во целост, а подземниот град беше создаден како големо засолниште од нуклеарен напад.
Поранешниот претседател на Народна Република Кина, Мао Цедонг, ги повика граѓаните да „ископаат длабоки тунели, да подготват храна и да се подготват за војна“, па околу 300.000 цивили учествуваа во изградбата на огромно засолниште.
Тие, под водство на воените инженери, создадоа голема тунелна мрежа од околу 10.000 атомски бункери. Изградени се и ресторани, театри, магацини, фабрики, фарми, спортски објекти и сè друго што на заедниците можеби ќе им треба за да преживеат нуклеарна војна.
Дури и вентилацијата на воздухот може да се изврши од надворешниот свет, а според некои извори, тогашната влада се пофалила дека може да го смести целото население на централниот дел на Пекинг во засолништето, пренесува Спутник.
Дикија Ченг никогаш не била користена, така што во осумдесеттите години на минатиот век, неколку оддели биле предадени на локалните власти, кои ги претвориле во канцеларии и продавници.
Сепак, поголемиот дел од подземниот град е во приватна сопственост и многу сопственици на оддели ги претворија своите бункери во мали станбени единици.
Некои жители живеат тука со децении, додека за други, живеењето под земја беше привремено застанување сè додека не се преселат во стан над земјата.
Сепак, поради загриженоста за опасност по безбедноста на станарите, во 2010 година, властите во Пекинг одлучија дека нуклеарните засолништа повеќе не можат да се користат во станбени цели.