Забава // Занимливости
Погледнете како ТИТО го угостија 2.500 холивудски актери: Со Маршалот беше и Киро Глигоров
- 09 Октомври, 2020
Приемот организиран од членовите на светскиот џет-сет во Лос Анџелес во чест на Јосип Броз Тито за време на неговата официјална посета на Америка во 1971 година, покажува колку голема почит уживал југословенскиот лидер дури и меѓу најголемите sвезди од тоа време.
Градоначалникот на Лос Анџелес Сем Џорти и Сојузот на филмски продуценти одржаа прием кај најголемите холивудски sвезди од тоа време. На приемот присуствуваа Едвард Г. Робинсон, Рок Хадсон, Глен Форд, Ширли Меклејн, Фред Мекмареј, Кирк Даглас, Ли Марвин, Чарлтон Хестон ...
На ова патување беше и поранешниот македонски претседател Киро Глигоров, кој тогаш имаше политичка улога во Југославија.