Погледнете што се крие зад оваа врата во Скопје: Цело богатство

Првобитно, „Арапската куќа“ во центарот на Скопје била семејна куќа во сопственост на браќата Агоп и Агавни Дикиниџијан, богати трговци Ерменци, а била изградена во периодот 1936-1938 година.

Надворешноста на палатата била права сензација за граѓаните на Скопје, со шарени полуелиптични џамлаци, на два ката со балкони на столбовите, со кули наместо ќерамиди на покривот и со чудни шари на фасадата. 

На влезот имало масивна железна врата со изгравирани иницијали од благороден метал „А.Д.“, бавча со водоскок и масивна орнаментирана ограда. 

Внатрешноста на палатата била со унгарски паркет со орнаментика, со жолто-зелени и црвени стакла, со црвени мермерни скали, со мермерни декорации од сини птици на скалите и во ходниците, со кристални лустери и со детаљи од слонова коска. 

Ерменецот Агоп Дикинџијан бил сопственик и на фабриката за шамии „Тулбенд“. Нејзин архитект бил рускиот емигрант Иван Артемушкин, кој се доселил во Скопје непосредно по Октомвриската револуција. 

По смртта на Агоп и неговата сопруга Агавни, во Арапската куќа живееле Рустем бег со својата сопруга, Русинката Натали.

Во 1964 година, „Арапската куќа“ била преуредена во хотел, наречен „Јадран“. Последното преуредување на куќата е направено во 1989 година

Арапската куќа инаку е сведок за љубовната приказна меѓу Дикиџијан и убавата Агавни.

Палатата била градена специјално за неа. И палатата “Шкаперда” била градена како свадбен подарок за обожаваната Аглаица во 1932 година.

Македонска куќа била топол дом и љубовно гнездо на еден од најпознатите градоначалници на Скопје во 30-тите години, Јосип Михајловиќ, а потоа таа перманентно е разнебитувана и отуѓувана.

Фото: Tripadvisor