Полски политичар ја налути јавноста со изјавата за жените: „Тие се виновни за нискиот наталитет бидејќи ...“

Полскиот политичар Јарослав Качињски предизвика гнев во јавноста по неговата изјава.

Качињски, шефот на владејачката партија Право и Правда (ПиС), рече дека причината за нискиот наталитет е тоа што жените пијат, пишува ДПА. Левицата во понеделник најави дека ќе поднесе жалба до собраниската комисија за етика.

Просечната стапка на наталитет во Полска во 2020 година беше 1,4 деца по жена. Во Германија е 1,5, а во Франција 1,8. „Доколку девојките, младите жени, пијат како нивните машки врсници до 25-годишна возраст, тогаш нема да има повеќе деца“, вели 73-годишниот политичар, пренесе агенцијата ПАП.

„Врвот на омразата кон жените“

Качињски тврди и дека мажите би ги сметал за алкохоличари доколку прекумерно пијат 20 години, додека параметарот за жените го поставува на две години. Политичарот на опозициската левица Роберт Бидрон смета дека овие изјави се „срам“.

Сопругата на полската фудбалска ѕвезда Роберт Левандовски, Ана Левандовски, на Фејсбук му одговори: „Доста е! Ме лути кога гледам како политичарите неосновано ги обвинуваат жените наместо да решаваат вистински проблеми“. Фитнес тренерката Ева Чодаковска, една од најпознатите инфлуенсери во Полска, изјави дека ова е „врвот на омразата“ кон жените.


Фото: ЕПА