Поради ова што го гледате се тврди дека нацистите контактирале со вонземјани

Во Русија, пред четири години, пронајдоа чудни черепи со невообичаено големи отвори за очи. До нив имаше ковчег со знак на супертаен нацистички институт кој се занимава со паранормалното

Во Адигеја, република во јужниот дел на Руската Федерација, за време на археолошките ископувања пред четири години, пронајден е ковчег со симболот на Третиот Рајх. До ковчегот имало остатоци од мистериозни суштества.

Станува збор за скелети без вилици, челни коски и тил. Остатоците биле пронајдени во пештерата од тим научници Владимир Меликов. Но, откритието стана уште поинтересно бидејќи беше откриено дека на ковчегот има знак Аненербе, кој им служеше како доказ на теоретичарите на заговор дека нацистите биле во директен контакт со вонземјаните. За што всушност се работи?

Аненербе е најмистериозниот нацистички институт основан од Хајнрих Химлер во 1935 година за да најде докази дека ариевската раса некогаш владеела со целиот свет. Но, наскоро институтот почна да се занимава со истражување на паранормално, окултно и вонземјански истажувања. Теоретичарите на заговор набрзо заклучија дека черепите се доказ дека нацистите биле во контакт со вонземјани.

- Никогаш не сме виделе такво нешто. Черепите воопшто немаа простор за човечки мозок, ниту пак вилици. Очните дупки беа невообичаено големи. Кога ги држиш во рака, тешко е да се каже дека не е вонземски череп - рече Мелков.

Но, руските археолози тврдат дека черепите немаат никаква врска со вонземјани и дека тоа би можело да бидат черепи на овни кои биле сериозно деформирани од водата и речните карпи и исфрлени на брегот.

Руските медиуми по ова откритие напишаа дека ова не е единственото нешто пронајдено во овие планини, и дека е поврзано со нацистичка Германија. Една година претходно беше пронајден уште еден ковчег со логото на таен нацистички институт.

До него беше логото на германската планинска дивизија „Gebirgsjaeger“. На едно блиско место, тие наводно пронашле германски гробишта каде биле закопани германски војници затрупани од лавина.

извор:24сата.хр

фото: јутјуб