Поранешен шеф на израелската вселенска безбедност: Вонземјани постојат, Трамп знае за нив

илустрација:123RF

Поранешниот израелски шеф за вселенска безбедност Хаим Ешед тврди дека вонземјани постојат и дека претставниците на „галактичката федерација“, како што тој ја нарекува, дури веќе стапиле во контакт со човештвото.

„Неидентификувани летачки објекти побараа од нас да не објавуваме дека се таму, човештвото сè уште не е подготвено“, рече Ешед во интервју за Једиот Ахаронот.

"Постои договор меѓу американската влада и вонземјаните. Тие потпишаа договор со нас да правиме експерименти тука", тврди овој професор и генерал во пензија. Ешед исто така тврди дека „има подземни бази на Марс во кои соработуваат претставници на вонземјани и американски астронаути“.

Тој исто така вели дека Доналд Трамп знае за постоење на вонземски живот и дека скоро ги открил овие информации, но дека успеале да му го одвлечат вниманието за да нема масовна хистерија.

„До денес, тие чекаа човештвото да се развива и да стигне до фаза во која генерално ќе разбереме што се простор и вселенски бродови“, тврди Ешед.

Белата куќа одби да ги коментира неговите тврдења, пишува Ен-Би-Си Њуз, а портпаролот на НАСА рече дека една од клучните цели на таа агенција е потрага по вонземски живот, но дека сè уште не го пронашле.

„Иако сè уште не откривме знаци на вонземски живот, НАСА го истражува Сончевиот систем и пошироко за да најде одговори на основните прашања, вклучително и дали сме сами во вселената“, изјави тој за NBC.

Своите тврдења Ешед ги изнел и во книгата Универзум надвор од хоризонтот - Разговори со професорот Хаим Ешед од Хагар Јанаи.

извор:index.hr