Поранешниот на Цеца, Богдан и неговата сопруга го открија полот на бебето: Гордите родители пресреќни

Јована објави прекрасна фотографија на која Богдан го бакнува нејзиниот стомак, како и првата слика од ултразвукот.

Поранешната мисица и учесничка на „Задруга“, Јована Љубисављевиќ се омажи за угостителот Богдан Срејовиќ, а сега со него чека и бебе!

За ова се шпекулираше со денови, уште откако ги објавија свадбените фотографии, а сега и официјално го потврдија. 

Јована објави прекрасна фотографија на која Богдан го бакнува нејзиниот стомак, како и првата слика од ултразвукот.

- Љубовта раѓа љубов - напиша Јована со натпис: „Бебето е на пат“. 

Богдан сега го сподели видеото со т.н откривање на полот на бебето (gender reveal party) каде може да се види син чад по сечењето на тортата, како и натписот на кумата која потврдила дека се работи за момче.

Богдан е угостител и поранешен партнер на Цеца Ражнатовиќ, а Јована беше мис, но и учесничка во реално шоу.


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм