Не штедат на скапи парчиња: Стилот на портпаролите Коста Костадинов и Димче Арсовски

Толку се модно уиграни што не ќе знаете кој прв придонел да изгледа како од некое списание. Едниот во позиција, другиот во опозиција, но на моден "готовс" и двајцата

Не „попуштаат“ по прашање на стилот. Буквално се дотернани по најнова мода и да ги приближите еден до друг не ќе знаете кој повеќе придонел за да изгледа трендовски. Портпаролите Коста Костадинов од СДСМ и Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ можеби се нај „фешн“ портпароли во нашата политичка историја. За нив нема дилема - облечи се скапо и изгледај скапо. Се гледа дека со уживање ја носат облеката, ама сакаат и да ја покажат. И на прес конференции и на митинзи, и во собрание и приватно, се издвојуваат од останатите. И нивниот порив се' да се врти околу нив очигледно им успева. Да беа браќа ќе се тепаа за брендираните парчиња. Ама се сосема различни во стилот. Секој на свој начин.

Коста влече кон конзервативно облекување со огромна доза на елеганција. Кај него се забележуваат внимателно избрани костуми кои пред се имаат строга линија. Често наместо кошула носи ролка што диполнително го прави стилски одлично усогласен. Бира според неговата градба на тело и не прибегнува кон експериментирање. Сигурен е во она што го носи. Деталите му се сведени на минимум, не игра со шари, а боите се секогаш погодени. Кај него е интересно тоа што секогаш знае да одбере сако кое му ги истакнува рамениците и торзото. Приватно е класичен, без некоја којзнае каква модна експресија.

Димче ја обожава спортската елеганција. Кај него може да се забележат измешани стилови, ама добро распоредени. И фармерките знае како да ги носи, надополнети со сако и соодветна кошула. Облеката сака да му е припиена за да се види дека вежба. Костумите кои ги носи на нестандарден начин некако кај него убаво стојат. Често од деталите користи вратоврски, не практикува дезенирани парчиња со шари кои привлекуваат. Тој знае да експериментира, ама тоа го прави вешто. Приватно е сосема спротивен. Спортски нагласок, краток шорц, патики и маица. Задолжително  часовник и ќе го видиме како се вози на мотоцикл.

Облеката која ја носат не е недостапна. Во мулти брендот „Сити фешн“ кој презентира облека од светските модни дизајнери има скоро се' што облекуваат двајцата. Нуди и попуст до 50%

Костум: “Пјер Карден”- 18.392 денари

 

Шорц: “Армани”- 4.500 денари

Маица: “Армани”- 2.394 денари

Небојша Толески