Постар е од неа 45 години: Како функционираат?
Тој има 69 години, а таа само 24. Стефани и нејзиниот сопруг Дон Валпер од Армстронг во канадската покраина Британска Колумбија се родители на син кој има една година и велат дека и покрај 45 годишната разлика во години биле поврзани и пред да стапат во брак.
Дваесет и четири годишната Стефани одела во градинка со синот на нејзиниот сегашен сопруг од првиот брак. Дон за него ѝ зборувал уште кога биле во врска само 2-3 месеци.
„Го познавам синот на Дон уште пред да тргнам да училиште. Одевме заедно во градинка, во основно училиште и во средно“, раскажала Стефани за Дејли Мејл.
Таа и сопругот во моментов не зборуваат со неговиот син, но минатата година добија свое дете, малиот Лачлан кој сега има една година. Лани се венчаа и тврдат дека никогаш не биле посреќни.
„Многумина не разбираат дека разликата во години може да биде генијална. Сите мислат дека е во прашање нешто друго. Ме прашуваат како е воопшто можно да го сакам. Сакаш некого затоа што го сакаш“, вели младата мајка.
Стефани и Дон се запознаа пред четири години кога таа почнала да работи во неговото омилено кафуле и веднаш се заљубиле. За сексуалниот живот, велат дека им е најдобриот дел од врската.
„Сексот е дефинитивно голем дел од моја перспектива. Секогаш сум се чувствувал помладо, не сум ги доживувал своите години. Секогаш сум сакал да излегувам, да се дружам со помлади. Сега, кога имаме дете, работите малку се сменија, но порано водевме љубов цело време“, се пофалил Дон, а Стефани додала дека тоа го правеле и по неколку пати на ден.
„Дон едноставно знае што прави“, го пофали таа својот сопруг.