Постои легенда дека овде граѓаните беа достоинствени: Каде човекот на човек бил човек...
Постои легенда која вели дека постоела земја, на ридско- планинскиот Балкан, наречена ЈУГОСЛАВИЈА, каде што човекот на човек бил човек...
Легендата понатаму вели дека во таа земја, пред 40 години, луѓето живееле од плата...
дека на овие простори имало многу фабрики...
дека скоро секоја година одевме на одмор...
дека синдикатите набавувале зимска облека...
дека младите оделе на работни акции...
дека децата носеле кецељи на училиште...
дека граѓаните беа достоинствени...
дека имале химна која сите ја знаеле напамет и сите со гордост ја пееле...
дека возовите сообраќале од Вардар до Триглав, од Ѓердап до Јадранот...
дека луѓето се дружеле меѓу себе, се забавувале и се смееле.
Легендата вели дека луѓето исправен оделе по земјата, без наведната глава
Се зборува дека имале лице и чест ...
дека зборот што им беше даден е свет.
Ако го дадат, никогаш не дозволуваат да биде прекршен...
дека се гордееле со своите дела и своето богатство го стекнале со чесност и труд... дека се срамеле од самите себе ако не знаат дека соседот е гладен...
дека срамота не е да немаш, туку да не помогнеш...
дека биле несебични во давањето и искрени во зборувањето.
Се вели дека со сето срце се радувале на секој нивен и туѓ успех...
дека не очекувале само бенефит туку обичен топол човечки збор...
дека дипломата не била мерило за вредност туку сопствен избор и постапки...
Ако згрешиле знаеле за извинување и покајание...
се докажувале со дела, а не со празни зборови.
Се вели дека немале многу, но нивните души биле полни и чисти.
Така вели легендата...
А вие?