Постои шанса да е направено „најважното откритие на 21 век“, како што велат археолозите, долго бараната гробница на Клеопатра
Археолозите веруваат дека пронашле тунел што води до
гробницата на Клеопатра. Тунел врежан во каменот, кој го сметаат за
„геометриско чудо“, е откриен на околу тринаесет метри под античкиот храм и
може да води до гробот на последната
владетелка на древниот Египет
и нејзиниот љубовник Марк Антониј, пишува Дејли Мејл, а пренесува јутарњи.хр.
Некои теории сугерираат дека Клеопатра била погребана под храмот Тапосирис Магна кој се наоѓа во близина на градот Александрија. Тунелот, кој е ископан низ слоеви од карпи, е висок нешто помалку од два метри, тврдат тие.
Се вели дека тунелот личи на тунелот Еупалинос на грчкиот остров Самос, кој се смета за едно од најважните инженерски достигнувања на античкиот свет.
Археологот Кетлин Мартинез од Универзитетот во Сан Доминго, која повеќе од десет години веруваше дека Клеопатра и нејзиниот љубовник Марк Антониј биле закопани во храмот, верува дека тунелот може да биде патот до таа гробница.
Мартинез за Херитиџ Ки изјави дека постои еден процент шанса Клеопатра да е погребана таму, но доколку се најдат нејзините останки, таа верува дека тоа би било најголемото откритие на 21 век.
Archaeologists have discovered a tunnel containing coins bearing the images of Cleopatra and Alexander the Great at the Temple of Taposiris Magna near Alexandria, Egypt.
— Bloomberg Quicktake (@Quicktake) November 9, 2022
They think it may lead to the lost tomb of Queen Cleopatra pic.twitter.com/I9MjLEXda1
Археолозите, пишува Дејли Меил, веруваат дека по самоубиството на Марк Антониј, по поразот од Октавијан, Клеопатра одлучила и двајцата да бидат погребани таму.
„Клеопатра преговарала со Октавијан за да и дозволи да го погреба Марк Антониј во Египет“, изјави Мартинез еднаш за National Geographic.
Според гореспоменатиот археолог, Клеопатра сакала да биде погребана покрај Марк Антониј, следејќи ја легендата за Изида и Озирис.
Боговите, вели, би ѝ дозволиле на Клеопатра да живее со Марко Антониј во поинаква форма и да го помине вечниот живот со него.
Истражувачкиот тим верува дека темелите на храмот Тапосирис Магна можеби е под вода поради најмалку 23 земјотреси што го погодиле египетскиот брег помеѓу 320 и 1303 година.
Мартинез пронашла и некои важни артефакти во храмот, како што се монети со слики и имиња на Клеопатра, Александар Велики и статуа на божицата Изида.
Клеопатра била египетска кралица со македонско потекло која станала владетел по смртта на нејзиниот татко Птоломеј XII во 51 година п.н.е. За време на нејзиниот живот, таа владеела со нејзините браќа Птоломеј XIII и Птоломеј XIV и нејзиниот син Птоломеј XV. Таа беше љубовница на Јулиј Цезар и долгогодишна љубов на Марк Антониј. Откако Октавијан ја поразил здружената војска на Клеопатра и Марк Антониј, тие извршиле самоубиство.
Фото и Видео: Твитер