Пожарите, топлотните бранови и сушата ја пустошат Европа: Ги чувствуваме последиците од климатските промени, зошто не сме свесни за тоа?
Португалското Министерство за здравство соопшти дека од топлотен удар од 7 до 18 јули починале 1.065 лица, а предупредуваат дека оваа бројка наскоро може да се зголеми
Португалија, Франција, Шпанија и Грција со денови се борат со пожарите, а до неодамна слична беше ситуацијата и во Велика Британија. Во исто време, голем дел од Европа е загрозен од суша, а многу експерти сметаат дека климатските промени се главен виновник за овие проблеми.
Последиците од климатските промени се повеќе ги чувствуваме сите нас, но многумина не сакаат да го признаат тоа.
Анкетата спроведена вчера во Велика Британија покажа дека околу 70 отсто од испитаниците разбираат дека климатските промени предизвикуваат високи температури, додека 17 отсто велат дека двата феномени не се поврзани.
Сѐ уште е висок процентот на луѓе кои не ги разбираат или не ги прифаќаат резултатите од научните истражувања, кои тврдат дека топлотните бранови се директно поврзани со глобалното затоплување.
Некои веруваат дека Велика Британија се соочува со најлошиот топлотен бран од 1976 година, додека други ги обвинија медиумите и научниците дека ги плашат луѓето.
Да, ветерот што го носи жешкиот воздух над Шпанија можеби дувал на овој начин, сепак бранот немаше да биде толку интензивен доколку просечната температура веќе не беше зголемена за 0,9 степени Целзиусови. Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк
Фото: Фејсбук - Општина Берово