Познат манекен има 8 сопруги и гради луксузна вила за својот харем: Соседите се револтирани (ФОТО)

Манекенот подеднакво се посветува на секоја од нив!

Манекенот и инфлуенсер Арту Урсо со сите сили се бори против моногамијата и се залага за сексуална слобода. Светот остана во шок кога откри дека се оженил со девет жени на една церемонија! А приказната за неговиот распуштен живот се најде на сите насловни страници!

View this post on Instagram

A post shared by Arthur O Urso (@arthurourso)


Освен тоа, ги оставил луѓето без зборови со образложение дека мора да направи распоред, за да може да помине доволно време со секоја од нив на самата церемонија. Во меѓувреме една од жените го оставила.

Тој нагласува дека неговата најголема цел сега е да изгради свое катче за секоја сопруга.

View this post on Instagram

A post shared by Arthur O Urso (@arthurourso)


– Сите бараат внимание, нежност и интимни односи како дел од секојдневието, а јас не можам да одвојам повеќе време за една отколку за другите – рече тој.

Артур додава дека финансиите што се потребни за неговите љубовници може да бидат огромни, но истакнува дека е подготвен да ги сноси трошоците на бројното домаќинство. Манекенот живее луксузен живот со своите сопруги и се впушта во мисија да создаде слободен простор за љубов.

View this post on Instagram

A post shared by Arthur O Urso (@arthurourso)


Почнал да гради простор за живеење за себе и за своите сопруги, инспириран од вилата на Плејбој. Сега сака да стави свој печат на имотот во Калифорнија, нарекувајќи го „куќата на слободната љубов“.

Од друга страна, мештаните воопшто не се воодушевени од оваа идеја, бидејќи не сакаат да бидат напаѓани од медиумите. Поради оваа огорченост, манекенот се соочил со низа непријатни ситуации.

Имено, тој раскажал како ѕидот на величествениот имот бил „вандализиран и испишан со демонска порака“, која јасно му кажува да оди со сопругите на друго место.

- Демонско семејство, заминете, стенкајте во пеколот дење и ноќе, не сте добредојдени - пишувало на ѕидот.

View this post on Instagram

A post shared by Arthur O Urso (@arthurourso)


Но, ниту инфлуенсерот не им остана должен. Тој ги нападна критичарите, давајќи им до знаење дека сака мир и не прави ништо лошо.

- Ќе дознаам кој го направил тоа и ќе преземам соодветни чекори. Не правам ништо лошо со тоа што градам дом за себе и за моите сопруги. Сакаме само да живееме во мир – заклучи Урсо.

извор:stil.kurir