ПРЕТЕРИЗАМ!!! Одмор во Грција оваа година премогу скап, цените плафон

Цените за апартманско сместување се движат од 85 евра по лице во претсезона па нагоре до 1.000 евра во сезона. Сепак и покрај тоа што одморот во Грција последниве години не е толку евтин како порано, од агенциите велат дека со букирање на време и со добра организација, сè уште може да летувате евтино. Но сепак поскапо од лани. 

Цените се зголемуваат со доаѓањето на сезоната. Становите можат да се изнајмат за само 30 до 40 евра по ноќ на почетокот на јуни, додека во јули и август истите се изнајмуваат за 80-100 евра. Во полуксузни вили со поглед на море, цените лесно надминуваат 250-300 евра од ноќ, особено ако вклучуваат базен, приватна плажа или дополнителни погодности.

Јајцата се продаваат за околу 0,35 евра по парче, една глава зелена салата е 0,50 евра, додека еден куп млад кромид се нуди за 0,70 евра. Килограм домати е околу 1,25 евра, тиквички се само 0,50 евра, а грашок е околу 3 евра. Овошјето и мешунките чинат значително повеќе – јагодите се 2,50 евра за килограм, крушите 1,50 евра, црвениот грав 3,30 евра, додека белиот грав достигнува дури 7,50 евра за килограм. Цената на свежата риба е особено висока – за една риба (без преработка и подготовка) треба да потрошите околу 10 евра.

Сепак, гирото сè уште може да се најде за прифатлива цена од 3 до 4,5 евра, во зависност од местото и дали е популарна локација или помало туристичко место. Порција гиро во ресторан чини до 9-10 евра, додека пицата чини околу 12 евра, а кафето чини просечно од 2 до 3 евра. 

А, колку ќе изнесуваат новите даноци во Грција?

Износот на данокот зависи од видот на сместување и времето од годината, а во текот на главната туристичка сезона, данокот се наплаќа по ноќ и ќе изнесува:

Хотели со 1-2 ѕвезди: 2 евра
Хотели со 3 ѕвезди: 5 евра
Хотели со 4 ѕвезди: 10 евра
Хотели со 5 ѕвезди: 15 евра

Апартмани, соби, апартмани (вклучувајќи Airbnb): 8 евра

Куќи и вили поголеми од 80 м²: 10 евра

Надвор од сезона (ноември – март), износите се значително пониски:

Хотели со 1-2 ѕвезди: 0,50 евра
Хотели со 3 ѕвезди: 1,50 евра
Хотели со 4 ѕвезди: 3 евра
Хотели со 5 ѕвезди: 4 евра
Апартмани и соби: 0,50 евра
Куќи и вили: 4 евра

Данокот се наплаќа по соба или сместувачка единица, а не по лице, што значи дека семејствата и поголемите групи можат да добијат подобра понуда.