Преживеа маларија, денга треска и ковид: Сега се бори за живот по каснување од кобра

Еден британски хуманитарен работник во Индија остана слеп и парализиран по потенцијално смртоносно каснување од кобра

Иан Џонс од островот Вајт бил каснат од кобра во село во близина на Јодпур, во индиската држава Раџастан.

Неговото семејство вели дека се многу исплашени од неговата состојба и се надеваат дека слепилото и парализата на ногата се само привремени.

Неговиот син за Би-Би-Си изјави дека Џонс страдал од маларија, денга треска и коронавирус за време на неговиот престој во Индија.

Поранешниот здравствен работник водеше добротворна организација чија цел е да им помогне на занаетчиите да излезат од сиромаштијата. Клер Робертсон, која ја води компанијата, рече дека Иан привремено живеел во магацинот на организацијата во Џодфур за да биде поблизу до луѓето на кои сака да им помогне.

„Тој беше во делот на магацинот каде што создаде просторот за живеење, кога неговото посвоено куче Роки започна да лае, и кога посегна да го смири, кобрата го касна двапати поради ненадејното движење“, рече таа.


Семејството на Џонс изјави дека тој поминал скоро две недели на интензивна нега, но ја напуштил болницата во Индија поради големиот број на пациенти со ковид-19.

За него беше покрената и кампања GoFundMe со цел да се покријат неговите медицински трошоци и превоз до дома.

Неговиот син Себастијан рече дека неговиот татко е решен да остане во Индија и да продолжи да им помага на оние на кои им е потребна неговата помош.

„Кога слушнавме дека, покрај сето она што веќе го имаше поминато, тој исто така претрпе каснување од змија, што обично е фатално, искрено, не можевме да веруваме“, рече тој.


Фото: GoFundMe

Можеби ќе ве интересира:

Само ЕДНА единствена капка убива илјадници луѓе: 5 најсилни отрови на планетата