Пријателот му барал да му биде кум на детето, а тој рекол не! Светот шокиран од одлуката да се одбие кумство-причината е небулозна!

Анонимен маж пред неколку месеци раскажал како пријател го нарекол себичен затоа што одбил да му биде кум на неговото дете поради лудите барања што таткото на детето му ги упатил.

Отпрвин бил среќен што неговиот пријател го избрал за таква чест, но откако се договорил добил плик со вистински договор и долга листа на луди барања.

Кога прочитал што се бара од него, неговиот ентузијазам спласнал. Тој рекол дека тој и неговата сопруга ја запознале двојката пред повеќе од девет години и станале пријатели, па затоа не бил изненаден што го сакале како кум на нивното неродено дете.

Меѓу барањата било да се крсти и да стане католик, а на детето да му даде околу 18.000 фунти.

- Се договорив, а следниот ден ми остави плик со законски договор што требаше да го потпишам - рече тој. Од него се барало и да присуствува на секој католички настан на кој детето присуствува, како што се крштевање, исповед, причест ...

- Би морал да размислувам да станам католик, да му дадам на детето најмалку 500 долари за секој од тие настани, секој роденден и Божиќ - напишал тој.

Исто така, се очекува да се соберат околу 18.000 фунти за образование на детето до 18-тиот роденден на детето. Остатокот, беше напишано, ќе го обезбедат родителите. Откако го прочитал договорот, му се јавил на пријателот и му објаснил дека не може да го потпише договорот бидејќи е премногу напорен. Пријателот го нарече себичен и му го блокираше бројот и е-поштата. И неговата сопруга, пишува Mirror.

-Не е важно, јас не сум лут, само не гледам како јас сум себичен, а тој не е? – заклучи тој.