Принцезата Кејт блесна во син фустан на финалето на Вимблдон: Креација на српска модна дизајнерка

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се појави во елегантен кралски син фустан од српската модна дизајнерка Роксанда Илинчиќ, на финалето во машка конкуренција на тенискиот турнир Вимблдон.
Британската принцеза пристигна во придружба на нејзиниот сопруг принцот Вилијам и две од нивните три деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Кејт, како што пишува „Дејли меил“, носеше „софистициран фустан од модната дизајнерка Роксанда Илинчиќ, со V-изрез и декоративни набори на рамото, кој го надополни со златен ѓердан од британскиот бренд Даниела Дрејпер со дијамант, а со ѓерданот, принцезата носеше златни обетки од Картие и класични потпетици во беж нијанса од брендот „Ралф Лорен“.
Според медиумите, фустанот на Роксанда Илинчиќ, модна дизајнерка од Белград, чини околу 410 евра.
Заедно со фустанот, принцезата носеше и елегантен сламен шешир, кој го носеше за прв пат на финалето во женска конкуренција во 2022 година.
За време на овогодинешното машко финале, принцезата го носеше и карактеристичниот „машна Вимблдон“, брош во зелена и виолетова боја, симбол на кралското покровителство на турнирот, кој ѝ го додели кралицата Елизабета II.
Роксанда Илинчиќ е српска, светски позната модна дизајнерка која живее и работи во Лондон и е сопственичка на модниот бренд „ROKSANDA“, кој го претстави на Лондонската недела на модата во 2005 година.
Освен Кејт Мидлтон, креациите на дизајнерката ги носеа и други светски ѕвезди, пејачки и актерки како што се Лејди Гага, Шарлиз Терон, Розамунд Пајк, Кејт Бланшет, Мишел Обама.
Фото: ИнстаграмИзвор: Еuronews.rs